СИНЏИРОТ НА ДЕЈЗИ
Љубов, интрига и подземјето на Коста дел Сол
од
Овен Џоунс
Превод:
Деиксис дооел Скопје
Авторски права © 2021 Овен Џоунс
Бангкок и Фуенхирола, Шпанија
Правото на Овен Џоунс да се идентификува како автор на книгава е
утврдено во согласност со деловите 77 и 78 од Законот за авторски права, дизајни и патенти од 1988 година. Утврдено е моралното право на авторот.
Во оваа приказна, ликовите и настаните се или плод на фантазијата на
авторот или пак се употребени на комплетно измислен начин. Некои од
местата можеби постојат, но настаните се целосно измислени.
ПОСВЕТА
Ова издание го посветувам на сопругата Праном Џоунс поради тоа што ми го
олесни животот во огромна мера - одлична е во тоа.
Му благодарам и на Вес Варинг за советите околу снајперските пушки.
Кармата на сите ќе ви врати сразмерно.
ИНСПИРАТИВНИ ЦИТАТИ
Не верувај во нешто само затоа што го имаш слушнато, Не верувај во нешто само затоа што за тоа нешто се зборува или се
шират трачови,
Не верувај во нешто само затоа што се нашло напишано во верските
писанија,
Не верувај во нешто единствено затоа што така ти кажале
наставниците и постарите,
Не верувај во традициите затоа што се пренесуваат од колено на
колено,
Ами по посматрање и анализа, ако нешто ти има смисла и е корисно за
општото добро и има полезност за сите, прифати го и живеј според тоа.
Гаутама Буда
------
Голем духу, чијшто глас е во ветрот, слушни ме. Дозволи ми да растам во
сила и знаење.
Натерај ме секогаш да го гледам црвеното и пурпурно зајдисонце. Нека
моите раце ги почитуваат нештата коишто ми ги имаш дадено.
Научи ме на тајните под секој лист и секој камен, како што ги има учено
луѓето во ерите пред мојата.
Дозволи ми да ја употребам силата не за да бидам поголем од мојот брат, туку да се изборам со најголемиот непријател себеси.
Дозволи ми пред тебе секогаш да доаѓам со листи раце и отворено срце, та
кога јас ќе замирам од Земјата, мојот Дух да се врати кај тебе без срам.
(Според традиционална молитва на Сијуксите)
СОДРЖИНА
1 Ла Вила Бланка, Марбеља, 1995 година
2 Првите години на Дејзи
3 Учењето занает
4 Дејзи стекнува самодоверба
5 Илегалците
6 Приказната на Тереса
7 Излегувањето на Дејзи
8 Борбата за идентитетот
9 Се остварува еден план
10 Жртвеното јагне
11 Грешката на Дејзи
12 Последици
13 Цената на будалштината
14 Закрепнување
15 Крстосувањето
16 Истрагата
17 Документите на Џон
18 Се стега обрачот
19 Алката што недостасува
20 Чистењето
21 Правда, на некој начин
22 Првата алка
23 Епилог
1 ЛА ВИЉА БЛАНКА, МАРБЕЉА, 1995 ГОДИНА
Тереса лежеше на грб на креветот, дишејќи длабоко, со огромна
насмевка на лицето, веднаш до нејзиниот шеф Џон, кој на шеесет и пет
години имаше претрпено премногу казни во животот за да преземе активна
улога во страсното водење љубов. Тој сакаше таа да пцуе додека се
задоволува и себе и него, но тоа не ѝ одеше од рака, па кога ќе се
вжештеше атмосферата, таа обично забораваше. Тереса имаше четириесет
и две години и беше горда што Џон беше љубовник. Всушност, таа со
години го сакаше, и покрај големата разлика во години. Истакнатиот
Англичанец првично ја привлече кога тој доаѓаше да купува кај неа на
пазарот Фуенхирола, а во него се заљуби речиси уште првиот ден откако ја
вработи да му биде готвачка и куќна помошничка. Таа тогаш не знаеше дека
неговите чести посети на пазарот биле изговори за да дојде и да ја види.
Одлично беше, Тери, девојко О, да Знаеш како да расплачеш
возрасен маж.
Тереса се истркала кон љубовникот, над неговата десна рака којашто ја
чекаше. Таа ја стави својата рака врз неговите гради. Се бакнаа.
Најдобра си, ѝ рече.
Лесно ми е да те усреќам, Џони, затоа што те сакам. Ти си мојот херој и
спасител, одговори таа, како што често знаеше.
Однадвор се слушна експлозија како придушен тресок. Истовремено
кога Џон се посегна по телефонот, тој заѕвони. Му се јави човекот кој и тој
планираше да го побара, баш како што знаеше дека ќе му се јави.
Што беше тоа, Тони? праша тој, без ниту трошка немир во гласот.
Уште не сум сигурен, шефе, но не нѐ нападнаа нас... Го прекина втора
експлозија, слична на првата, а потоа и трета, но поинаква.
Доаѓа од долу по патот, нешто подалеку е. Мислам дека е од кај ОЛири, според облаците чад. Сега ќе одам надвор да видам подобро. Тони беше
голем маж, колку врата, со ќелава глава. Тој беше одговорен за
обезбедувањето на Џон и кај него работеше десет години.
Џон можеше да го слушне преку телефонот како трча, без нималку да се
задише, а потоа како запира. Сега сум на околу двесте метри од нивната
предна капија. Изгледа ја нападнале куќата и предната капија... и насекаде
има делови од мотор... Двајца се наземи... запалени... Оф! Мислам дека
сега ги докрајчија со по еден удар со бејзбол палка по тиловите. Мене ми
изгледа како напад од минување, со ракетен фрлач. Ќе се вратам. Нејќам да
ме начекаат како очевидец тука.
Не, секако. Врати се и прави се глуп, но потајно види што ќе дознаеш.
Подоцна ќе ме известиш. Тој исклучи.
По пет минути, Џон веќе спиеше, како што обично и правеше, а Тереса
тивко стана, се облече и се врати на работа беше време да организира
вечера за работодавачот.
За време на оброкот, Тони усно го извести Џон за бомбардирањето.
Ова не е официјално, шефе, но ми го кажа еден од луѓето на ОЛири, па
веројатно е најблиску до вистината. Навистина нападот бил од движење и
употребиле рачен ракетен фрлач на гранати. Очигледно првата ја испукале
на поминување. Минала низ решетките од капијата и ја погодила куќата.
Чуварот, кој веројатно си ги броел среќните ѕвезди оти не го разнеле, испукал неколкупати.
Моторџиите потоа се вратиле кај капијата и повторно испукале, но огнот
од крајот на фрлачот веројатно го запалил горивото што истекувало од
дупка од куршум на резервоарот за бензин и го кренал во воздух моторот.
Втората граната ја погодила капијата, како што требало и првата, и ја
однела. Кога експлодирал моторот, а моторџиите се вратиле на Земјата, запалени, луѓето на ОЛири им ги скршиле вратовите со бејзбол палки за да
не оставаат недовршена работа.
Што мислат, Тони, кој е одговорен?
Ми кажа дека не знаат, но кога јас сугерирав дека е противничка ирска
банда од дома, тој не рече дека не е.
Освен моторџиите, други повредени има?
Чуварот не е добро. Има рани од шрапнел, а големите шипки од ковано
железо убаво го треснале кога експлодирале кон куќата. Но, веројатно ќе
преживее.
Чистачката има парчиња стакло во газот, но добро е. ОЛириеви биле
одзади, блиску до базенот, така што и тие се сите добро.
Дали дошла полиција? Мислам дека слушнав сирени, но дотогаш веќе
спиев и можно е да сум сонувал.
Не, дошла... исто и пожарната и брзата помош, откако сѐ завршило.
ОЛириеви дотогаш веќе со рејнџ роверот ги имале однесено чуварот и
чистачката во болница. Брзата помош ги однела телата на моторџиите, пожарната го испрскала расчадениот крш, па проверила дали куќата има
претрпено структурно оштетување, а полицијата поставила кордон околу
местото. Сѐ уште ги има многумина таму, се трудат да изгледаат загрижено
и зафатено.
Ме прашаа дали сум видел нешто, а јас им одговорив дека сум го видел
само чадот. Ги заболе нив, само да не се вмешани Шпанци.
Не, имаш право. Па, фала ти, Тони. Одлично сработено, како и секогаш.
Мислиш дека ние сме во некаква опасност?
Не, шефе, само морковите, ова, извинете, шефе, Ирците, си водат војна
за територија. Нема никаква врска со нас. Сепак, јас викнав уште некој пар
раце, за секој случај.
Добро. Јадеше ли? го праша, покажувајќи кон столче.
Не, но ќе ме чека нешто за јадење кога ќе се вратам во канцеларија.
Фала.
Ако сакаш така, Тони... Секогаш си добредојден, го знаеш тоа. Добро, како сакаш, да не те задржувам, те чека јадењето. Ќе се видиме после, на
патрола. Џон сакаше да шета двапати дневно низ градините во близина на