патрола. Џон сакаше да шета двапати дневно низ градините во близина на
куќата, пред да си легне, како дел од режимот вежби.
Џон Балтимор првпат се беше доселил во Марбеља на четириесет и пет
години, но не засекогаш, иако периодите во кои престојуваше таму
постепено се издолжуваа. Тој немаше пребегано таму како многумина пред
него, но имаше заработено и наследено многу пари за да почне да си мисли
дека веројатно е добра идеја да замине од Обединетото Кралство пред
некои луѓе, што ги подразбира полицијата, управата за јавни приходи и
медиумите, да почнат со своите прашања. Ако чукнат на доволно врати, кога-тогаш нешто ќе ги насочи кон него, па затоа емигрираше, иако и тој, како татка си, со децении поседуваше имот во Андалузија.
Во медиумите брегот од провинцијата во Малага го нарекоа Коста дел
Криминал, но тука се криеше поголема вистина од онаа што повеќето, што
значеше британската јавност, ја знаеја. Беше тоа соодветен опис, што се
однесуваше на опсежното британско малцинство во областа. Голем дел од
британската мафија се беше преселил на Коста дел Сол, со намера да се
откаже од стариот криминален живот, но тоа им се беше здосадило, па му
се беа навратиле. Некои едноставно ги водеа старите операции во
Британија од далечина, а некои се трудеа да се наметнат на локалната
заедница, на што Шпанците и останатите се противеа. Тоа често водеше до
насилство. Некогаш победуваа Британците, а некогаш не.
Џон се имаше откажано од сѐ во Британија, но имаше низа
профитабилни бизниси во Шпанија за кои постепено губеше интерес, иако
како зависник од работа и како човек кој нема наследник а повеќе ниту
жена, мораше да продолжи со работа. Беше женет три пати и имаше многу
љубовници. Некои од љубовниците тврдеа дека носат негово дете, но тој
никогаш немаше преземено одговорност затоа што очекуваше еден ден да
има законски наследник. Меѓутоа, тој ден не дојде, па со неговите години, веќе одамна се имаше откажано од надеж.
Тој планираше да ја обезбеди Тереса, исто како неговите вистински
жени, а повремено размислуваше останатото да го остави на добротворна
организација за жени од социјална категорија. Тој и татко му имаа удел во
создавањето такви околности за многу жени, па тоа се чинеше правично.
Татко му на Џон, по кого овој го имаше добиено името, и покрај тоа што
татко му првично бил Шон, го пратила неговата мајка во Лондон од Даблин
за да го спречи да не стане дел од востанието што го водело Ирското
републиканско братство, за кое се ширеле гласини во кругот на
информираните од крајот на 1914 година. Планирале да ја искористат
опсежната вмешаност на Британија во Првата светска војна, а Германија им
понудила оружје ако може да организираат некаков бунт. Таа се загрижила
за неговата безбедност откако некој пријател ѝ кажал дека Џон сериозно
размислува да стане дел од каузата да се обедини Ирска и да се отараси
од влијанието од Вестминстер.
Првата година од Првата светска војна, тој беше ситен криминалец во
Ист Енд во Лондон, но живееше во соба од куќа каде што сместуваа жени
бегалци од Белгија. Во Обединетото Кралство имаше стотици илјади
бегалци од Белгија, од кои повеќето беа жени и деца. Тој имаше забележано
дека многу од нив мораа да се продаваат за да можат да се издржуваат, па
препредено позајми доволно пари од лихвар за да изнајми куќа, која ја
користеше како бордел. За една недела имаше десет белгиски млади жени
и девојчиња кои живееја и работеа таму по цел ден, а за една година имаше
десетина такви бизниси. За пет години веќе ги поседуваше куќите.
Првото што го направи откако почна да заработува беше да ги повика
помладите браќа да му помогнат во раководењето на новите потфати кои
стануваа сѐ покомплицирани.
Со неполни триесет години беше милионер, нешто на што особено беше
горд, затоа што пристигна во Лондон во 1914 година едвај со една фунта.
Џон Помладиот бил плод на една од многуте врски со една од
проститутките, но не и со човекот кој за него беше татко, односно таткото кој
го посвои, бидејќи неговите родители загинале во две одделни престрелки
во неговото семејство. Џон Постариот го посвоил Џон Помладиот бидејќи се
срамел од постапката на брата си и од тоа како неговите потомци го
казниле. Се ширеа муабети и дека во семејството имале мал број на
сперматозоиди, па Џон Помладиот отсекогаш мислеше дека останува
доследен на традицијата на своите машки предци.
По два месеци, по уште едно од низата водење љубов, но пред Џон да
заспие, Тереса му шепна на уво на својот шеф:
Џони, мил мој хероју, ќе бидеш татко...
А? Што зборуваш, Тери? Не можам да имам деца... Никогаш не сум
имал, а сега секако сум престарен! Како и да е, ти ми кажа дека си имала
менопауза, така што ни ти не можеш да раѓаш.
И јас мислев така, така што бебево е Божји дар за нас, Џони...
Право чудо, ако е точно. Дали си била на лекар?
Сѐ уште не, но жените ги знаат ваквите работи, не им треба лекар за да
ги информира.
Можеби не им треба ним, но на мажите им треба, така што утре да одиш
и да дознаеш за сигурно, девојче.
Но, што ако е вистина, Џони, што ќе кажеш тогаш?
Едноставно не може да биде вистина. Ниту јас ниту ти не можеме да
имаме бебе!
Но, што ако е вистина?
Глупости, не може да биде. Имаш гасови... или си се поправила. Тоа е, си се поправила.
Не, Џони, нашето бебе е големо колку кикиритка! Не сум покрупна
поради тоа. Всушност, тежам исто како секогаш: педесет и два килограми, но бремена сум. Можеби се чини тоа невозможно, но бремена сум. Се
сеќавам на чувството од претходно, но утре ќе одам на лекар да проверам.
Добро! Да одиш, па ќе видиш дека сум бил во право.
По неколку секунди, тој спиеше, а Тереса се зафати со обврски околу
обезбедување комфор на својот сакан.
Кога Џон разбра дека ќе биде татко пред крајот на годината, не знаеше
како да реагира. Се чинеше како сѐ да се случува премногу брзо, но тој
потајно се прерадува, иако суровиот маж во него победи, па беше настојчив
за ДНК-тест. Кога тестот со амниоцентеза во десеттата недела докажа дека
ќе биде татко, тој се понуди да се венча со Тереса, но се разочара кога таа
изгледаше колебливо.
Мислев дека ќе сакаш да се омажиш за мене, Тери, рече тој.
Би сакала, му призна нажалено, но не само затоа што носам твое
бебе. Би сакала да ми понудиш брак затоа што ме сакаш.
Ама те сакам, Тери, ти знаеш. Само не ме бидува баш во искажување
такви работи, но мислев дека ти го знаеш тоа.
Една жена сака и да го чуе тоа, Џони...
Веројатно и еден маж го сака тоа, мила. Ќе ти признам дека е така, но
ако кажеш некому што сум ти рекол, ќе одрекувам.
Глупави мачо-менови, таа нежно му се исмеваше додека лежеше во
свиокот на неговата рака. Сакаш да го чуеш тоа, но не сакаш да им го
пружиш истото задоволство на луѓето кои ти ги сакаш. Себично, зарем не?
Тој неколку минути не одговори, но Тереса беше спремна да чека.
Да, веројатно е, конечно ѝ призна. Многу ми е жал што претходно не
сум ти кажал дека те сакам. Никому го немам тоа кажано во животот, освен
можеби на мајка ми. Не се сеќавам. Сум ти кажувал за неа?
Се викаше Флер и беше од Белгија, но засега нема да зборуваме повеќе
за неа. Те молам, сакаш ли да се омажиш за мене, Тери? Ќе ме направиш
најсреќен на светот и знам дека звучи изветвено, но јас докажувам со дела, не со зборови... Мислам дека веќе го знаеш тоа.
Не звучи изветвено, Џони, овие зборови се прекрасни... Очите ѝ се
насолзија. Ќе се омажам за тебе, Џони. Отсекогаш сум те сакала, но сакам
да ми ветиш дека ќе се грижиш за нашето дете. Не ми е гајле за мене, но
мора да биде згрижено нашето дете; инаку, поарно веднаш да си заминам.
Најмила моја Тереса, само ако се ожениш за мене нашето дете, сеедно
дали машко или женско, ќе наследи сѐ што имам.
Во тој случај, Џони, прифаќам. Ќе се омажам за тебе.
Џон сакаше свадбената прослава да се одржи за една недела, но Тереса
настојуваше да ја планираат и да ја направат како што треба, само што не
му рече на Џон да се преобрати во католицизмот, а не му кажа ниту дека
бебето сака да го воспитуваат како католик.
Во четиринаесеттата недела, по огромната свадба, Тереса му кажа на
Џон дека очекуваат девојче. Таа очекуваше Џон да се разочара, но не
можеше да забележи знак за тоа.