Синџирот На Дејзи - Owen Jones 5 стр.


може да се гордее дека ќе ја исполнува добро.

Тој сепак не сакаше таа да се приближува до неговите нечесни работи.

Кога Дејзи седна крај своето биро во девет часот следното понеделничко

утро, таа го вклучи својот компјутер епл мак и зјапаше во празниот

сметководствен програм. Никој не дојде кај неа, никој не ѝ прати податоци и

никој не побара совет од неа. Меѓутоа, таа беше решена да ѝ даде свој

печат на работата. Знаеше дека татко ѝ некако ја мавта, но подеднакво

беше убедена дека ѝ ја кажува вистината кога призна дека дозволил

работите да излезат од контрола последните години. На овој или оној начин, таа ќе успее да ја врати контролата.

Меѓутоа, соочена со никаква опиплива работа, работниот век го започна

со поставување на параметрите на десетината програми на новиот

компјутер, а потоа отиде на ручек.

Како ти помина првиот работен ден кај татко ти? ја праша мајка ѝ.

Ги поставив сите програми и чекав некој да ми каже што да правам...или

барем да ми даде информации за бизнисите коишто треба да ги

анализирам како имиња и адреси, но никој не дојде. Така, го направив тоа

што можев и дојдов на ручек.

Така оди тоа, душо. Кога-тогаш ќе се научиш. Само полека се стигнува

до победа. Таа ја погледна мајка си, која често беше наклонета да кажува

безначајни клишеа кога не е погодно, но сега јадеше и не ја ни гледаше неа.

Потоа погледот го сврте кон татко ѝ, но и тој ја одбегнуваше.

Па, тато, кој ќе ми помогне на почеток? Беше решена да не ја остави

работата така.

Извини, пиле, ќе повториш? Бев замислен. Да не заборавам, дали

Мануел ти ги прати податоците што му реков да ти ги прати?

Не знам на кои податоци мислиш, така? Меѓутоа, бидејќи ниту тој ниту

никој друг не ми пратил ништо, ќе кажам дека не ми ги прати.

Можеби сум заборавил да му кажам. Само секунда. Тој стисна неколку

копчиња на телефонот и разговараше со некого. Не, не ги знам нејзините

нови податоци за контакт. Ќе ѝ дадам сама да ти ги каже. Ѝ го подаде

телефонот на Дејзи, велејќи, Треба да си направиш визит-карти за да знаат

другите дека постоиш и како да стапат во контакт со тебе. Ни јас не знам, а

живееме во истата куќа!

Ја сфати пораката. Независно дали другите знаеја што да прават со неа, таа беше подеднакво виновна поради тоа што не е достапна. Попладнето си

дизајнираше визит-карта со помош на печатач на интернет, со помош на

алатката Џинг го исече дизајнот и го прати во локална печатница за веднаш

да се печати. Следниот ден ќе ѝ испорачаат илјада шарени визитки.

Проблем ѝ претставуваше само полето со работната функција. Беше

решена дека не сака да ја опишуваат како книговодител, па дури ниту како

сметководител. Но, ѝ се допадна описот кој конечно го смисли: Решавач на

проблеми.

Одговараше со семејниот темперамент, според неа, а како за жена, звучеше агресивно. Особено за убава, млада, синоока, русокоса дама.

Беше совршено. Потоа ги внесе називите и подробностите за бизнисите на

татко ѝ и се запозна со нивната локација и со тоа што им беше предмет на

работа.

Таа вечер, на вечерата, на татка си му го покажа списокот со петнаесет

бизниси коишто ѝ беа доделени.

Добро, тато, почна таа, Сакам да се запознам со менаџерите на сите

овие компании и да им дадам до знаење дека ќе ги проучувам. Мислиш

дека би било подобро ти да ме прошеташ и да ме претставиш или сакаш

прво да им телефонираш и да им пратиш воведно писмо?

Од која сакаш да почнеш?

Мислам дека е подобро да почнам со двете најмали. Така ќе можам да

си ја усовршам техниката пред да дојдат на ред поголемите. Што мислиш

ти?

Ми звучи добро. Дали имаш некој редослед на списоков?

Од најголем до најмал профит. Ни тоа не го знаеше? Во втората колона

е претставен во проценти профитот од целокупниот приход.

Истиве цифри ги добивам секој квартал од Мануел, но сѐ додека се

разумни, не им посветувам големо внимание. Тоа беше вистина. Тој беше

мултимилионер, а легитимните бизниси и тоа како го покриваа начинот на

живот кој го водеше, но неговите други интереси му носеа многу, многу

повеќе.

Ќе те однесам да се запознаеш со првите неколкумина од твојот список, нема проблем, но не гарантирам дека ќе те однесам кај сите петнаесет. Како

Ќе те однесам да се запознаеш со првите неколкумина од твојот список, нема проблем, но не гарантирам дека ќе те однесам кај сите петнаесет. Како

планираше, да одиш кај еден дневно?

Таков ми беше планот, но навистина зависи што ќе откријам. За некои

можеби ќе треба повеќе време.

Џон кимна со главата во согласување. Јас ќе одам со мојата кола, а ти

можеш да одиш со твојата. Штом ќе те запознам, ќе си се вратам на мојата

работа, а исто и ти. Дали може така?

Секако, одлично би било. Нема потреба да ме чекаш и да вртиш со

палците.

Прва на список, што требаше да ја посети во единаесет часот, беше

Камбио менувачница за девизи и травелер-чекови на крајбрежјето во

Лос Боличес, на триесет минути северно од Марбеља.

Додека возеа натаму секој во својата кола, Дејзи му објасни на татка си

за што се грижи преку телефонот со хендсфри-технологија.

Тешко им оди, тато. Киријата е висока како за киоск, а повратот е

занемарлив. Можеби е исплатливо да се затвори овој бизнис и да се

реинвестираат средствата на друго место.

Полека, девојче. Забави. Твојата задача е да истражуваш. Прво мора да

ми донесеш истражување, а потоа ќе решиме што ќе правиме. Немој да ми

ги затвораш бизнисите пред да разговараш прво со мене. Јасно ли е?

Таа не го мислеше тоа така, но за памет ѝ беше дека треба да ги бира

повнимателно зборовите кога разговара за чувствителни прашања. Се

извини. Извини, тато. Погрешно се изразив. Размислував на глас.

Тогаш тоа е уште една работа што треба да ја научиш. Биди

претпазлива кога кажуваш пред други што мислиш. Тоа е прифатливо со

мене и со мајка ти, но во никој случај не е со некој друг. Тоа е како да им ги

покажеш картите на другите. Будалесто.

Добро, тато. Те сфаќам јасно и гласно. Всушност, таа тоа го знаеше

одамна, но сметаше дека не се однесува на нејзините родители, како што

тој сега посочи. Меѓутоа, очигледно се однесуваше, така што научи уште

една лекција.

Џон ја запозна ќерка си со Пако, којшто управуваше со малото дуќанче, зеде филџан кафе и потоа ги остави да работат. Пако и Џон имаа меѓусебен

однос како на стари пријатели, но кога вториот си замина, првиот стана

претпазлив пред Дејзи.

Таа го прашуваше за бројот на трансакции во еден ден и за нивната

просечна вредност, за најпрометните периоди, како и за најпрометните

денови. Таа веќе ги имаше информациите до, и заедно со, претходниот

квартал, но сакаше да види колку е запознаен Пако.

Во четиринаесет часот одглуми дека е гладна и одвози. Меѓутоа, своето

фалбаџиско порше го одвезе само подалеку од видокругот, а потоа пеш се

врати во еден ресторан на плажата, дијагонално отспротива од киоскот, носејќи шамија на главата и очила за сонце, како маска на божемна

старлета. Со часови боцкаше салата од гргеч, проследена со сладолед, а ги

фотографираше сите што влегуваа во киоскот преку леќата за зумирање на

својот фото-апарат никон СРЛ.

Таа се израдува за своето откритие и сакаше да му го соопшти на татка

си додека вечераа истата ноќ, но му одолеа на искушението поради тоа што

тој ѝ го кажа утрината. Му кажа само дека за целосна анализа ќе бидат

потребни повеќе денови и дека нема да има потреба да ја запознае со

следниот бизнис до идната сабота или пак понеделник, како сака тој.

Таа недела секој ден се враќаше во ресторанот, на долг ручек, а

извештајот го напиша во петокот вечерта. Нејзината прва анализа беше

готова, за што таа беше неизмерно горда.

Ја претстави пред своите родители по петочната вечера.

По извештајот, кој одзеде дваесет минути, таа се осврна на своите

заклучоци.

Мојот прв впечаток е дека менаџерот Пако или често не отворал или пак

ги филува бројките. Сепак, со задоволство известувам дека, и покрај тоа

што се чини дека Пако ја губи контролата врз фирмата, тој е искрен, и

вистински работи во сето пријавено време. Меѓутоа, концернот едвај вади

профит затоа што, под а) на луѓето им одговара да повлекуваат локална

валута директно од своите банкарски сметки со помош на картичка и под б) продажбата на травелер-чекови е со години во опаѓање, па тоа се одразува

на профитот.

Ако се водиме според мотив заснован на профитот, разумно е да се

Назад Дальше