Синџирот На Дејзи - Owen Jones 6 стр.


затвори концернот. Повратот може да се инвестира во некој од другите

бизниси, но сѐ уште не можам да кажам кој. Таа седна, додека мајка ѝ ѝ

аплаудираше.

Зар не го прочита Дејзи ова добро, Џони? Како вистински

професионалец... и да не заборавиме: Подобро да се спречи, одошто да се

лечи! Постојано го велам тоа.

Обајцата ја погледнаа, кимнаа со главите, се насмевнаа и потоа се

погледнаа меѓу себе. Дејзи се надеваше на пофалба, но знаеше дека не

треба да ја очекува.

Ти благодарам, Дејзи, одговори Џон по неколкуминутно размислување.

Мислам дека ти е точна анализата. Сепак, начелно ти е точна. Дали

забележа нешто во врска со Пако?

Беше исцрпен, ако мислиш на тоа.

Да...нозете му се осакатени. Тој е, како што велиш, исцрпен. Тереса, се

сеќаваш на Пако? Типот што ја води менувачницата во Лос Боличес? Таа

кимна и ѝ се насолзија очите.

Како е прекрасниот човек, Џони? Добро ли е?

Да, мила, добро е. Дејзи цела недела се дружеше со него...

Баш си добра, Дејзи! Немој да го заборавиш чичко Пако.

Дејзи беше збунета. Претходно не беше слушнала за чичко Пако Кој е

тој, тато?

Ќе ти кажам кој е, пиле. Тој работеше со Тони. Еден ден, еден човек се

обиде да ме нападне со оган од митралез, додека излегував од кола во

Фуенхирола. Мајка ти уште беше внатре, а Пако ми ја држеше вратата да

излезам. Тој ме турна внатре и прими пет куршуми во нозете.

Пет куршуми наменети за мене, а можеби дури и за мајка ти. Јас, ние, му ги должиме животите на Пако. Тој потоа стана исцрпен, како што со

право велиш ти, па го ставивме да води мал бизнис за да има приход и

каква-таква почит.

Ова го велам не како критика на твојата работа, која фактички е

прецизна, но Пако е доживотно вработен Тој вади и мал профит, кој јас и

мајка ти го ставаме во фонд за него, за пензија, за кој тој не знае.

Дејзи имаше чувство дека ја наместиле да не успее, но се утеши од

фактот дека чесно се потрудила да го анализира бизнисот во рамки на

сознанијата што ѝ беа доверени.

Ѝ беа потребни месеци за да ги анализира другите четиринаесет

бизниси, но немаше повеќе скриени стапици, иако еден од баровите го

водеше друг бивш вработен. Легитимната империја на Џон во Андалузија се

состоеше од три средно скапи хотели, дрогерија, четири ресторани, четири

барови, туристичка агенција, тур-оператор и менувачницата Камбио на

Пако. Меѓутоа, таа најде неусогласености кај два од баровите и два од

хотелите.

Едно попладне, додека го минуваше делот од денот со Тони во

градината, побара совет од него, како што правеше цел живот. Тој ѝ беше

многу повеќе од чичко и човек од доверба; повеќе од вистинските.

Чичко Тони, одамна си кај татко ми. Мислиш дека помагам за фирмата

или сакаат да ме откачат?

Малечко, никогаш не сум те излажал намерно, но треба да бидеш

свесна дека сум му лојален првенствено на татко ти. Ако тој ти вели дека

помагаш, кој сум јас да се објаснувам? Тој ја гледа големата слика Јас сум

задолжен за обезбедување и за некои други работи. Мојот совет е дека

мораш да веруваш на одлуките на татко ти. Сепак, досега добро му оди,

така? Но, ако ти не се согласуваш, тогаш треба да си го следиш срцето. Жал

ми е што не можам повеќе да ти помогнам, но секогаш ќе ти бидам пријател

ако ти требам. Тоа можам да ти го ветам.

Знам, чичко Тони... Го знам тоа. Ти си ми потпора, отсекогаш си ми бил.

И покрај тоа што беше висока, се посегна нагоре за да го бакне на образот

со остри црти. Тој ја стави раката околу нејзиното рамо и ја стисна.

Подобро да одам да патролирам, госпоѓице, рече тој, пуштајќи ја и

заминувајќи. Таа беше единствената жена со која немал секс, а која му

значеше нешто, освен неговата мачка, за која зажали што ја нарече Пуси, секој пат кога требаше да ја викне дома.

4 ДЕЈЗИ СТЕКНУВА САМОДОВЕРБА

Во месеците што следеа, Дејзи уживаше да се запознава со менаџерите

на легитимните бизниси на татко ѝ и успеа да собере многу податоци, кои

потоа ги анализираше и ги претвораше во предлози за нивно усовршување

и подобрување.

Сите тие компании се наоѓаа помеѓу Марбеља и Лос Боличес, што е

Сите тие компании се наоѓаа помеѓу Марбеља и Лос Боличес, што е

кратко растојание за возење по крајбрежјето. Затоа таа беше многу

изненадена кога дозна дека повеќето од нив не знаеја оти постојат другите.

Таа имаше предлози за секој засебен бизнис, но имаше идеи и за сите

нив заедно. Сакаше професионално да пристапи, па закажа состанок со

нејзините родители за да може да им ги образложи плановите.

Тато, треба да го повикам и Тони?

Не, тој мора да дознае што сме одлучиле, но ова ќе го решиме прво

како семејство, па ќе ги исправаме кривите Дрини. Потоа, кога ќе бидеме

апсолутно сигурни во нашиот став, може да разговараме со други.

Не дозволувај луѓе од страна да видат како се расправаат внатрешните

лице за детали. Параванот кој го креваме пред светот, дури и пред Тони, мора да го кренеме обединети. Макар и приватно да не се согласуваме за

сѐ.

Дејзи веќе го имаше слушнато тоа, но сериозно кимна. Ќе го запомнам

ова, тато.

Како ти оди со курсот за шпанскиот закон за сметководство? Сѐ уште го

слушаш?

Секако дека да. Зошто не би го слушала? Ти кажав дека сум сериозна

дека сакам да помогнам и ќе ти го докажам тоа со мојата презентација.

Впрочем, уживам во курсот, иако многумина не би уживале. Сувопарен е, ако ме разбираш.

Можам да замислам, но некој мора да го работи тоа, а засега тој некој

си ти. Жалам, пиле.

Нема потреба од извинување. Побарав работа со одговорност, а сега ја

имам. Среќна сум, навистина.

Добро...

Вечер ќе излезам со неколку другарки, тато, така што не ме чекај. Ќе се

видиме изутрина, во десет, за презентацијата. Чао, тато. Те сакам. Таа ги

стави рацете околу неговите рамена, го бакна во образ и замина со среќен

израз на лицето.

Тој се насмеа во себе; ужасно многу се гордееше со неа, што помисли

дека некогаш би можел да експлодира.

Утрината таа му рече на готвачот за единаесет часот да спреми кафе и

кремаста чоколадна торта, за во нејзината канцеларија, бидејќи тоа беше

една од омилените комбинации на нејзините родители.

Нешто по единаесет часот, таа уште ги дефинираше поединечните

измени за петнаесетте бизниси, но продолжи со тоа и додека мајка ѝ ја

сечеше тортата и тураше кафе.

...со тоа доаѓам до темата Интеграција. Сметам дека не ги

поттикнуваме бизнисите да си ги користат меѓусебните особености. На

пример ниту еден од хотелите, баровите и рестораните не се препорачуваат

едни со други.

Тоа мене ми е многу чудно и безобразно неекономично. На пример еден

од хотелите и три од баровите не нудат друга храна, освен тостови... а еден

служи помфрит.

Предлагам да ги поттикнеме баровите и тој хотел да нарачуваат храна

за носење од нашите ресторани ако се на разумна меѓусебна оддалеченост.

Моите предлози за поврзување се во параграф број седумнаесет. Петте

групи коишто ги гледате, со по еден хотел и четири барови, се на растојание

до пет километри од рестораните во нивната група. Онаму кафе што два

или три ресторана може да се поврзат со еден локал, може да се направат

специјални комбинирани менија. Нема потреба да се објаснува дека

храната не се готви на самото место, освен ако некој не го праша

менаџерот, така?

Прашањето беше реторичко, но татко ѝ одмавна со главата во знак на

согласување.

Барот којшто е малку изолиран, може да се поврзе со други ресторани, за процент од профитот. Таа го крена погледот и виде како татко ѝ кима со

главата пред страницата којашто му беше отворена. Тоа ја охрабри, па

продолжи одважено.

Следната етапа може да ја наречеме Глобализација. Не како

глобализацијата на Мекдоналдс, туку наша сопствена верзија. Само еден од

нашите барови има пристоен вебсајт, а три од другите локали имаат

никакви. Предлагам да направиме првокласна застапеност на интернет за

сите наши бизниси и да вклучиме линкови до другите што би можеле да

бидат корисни. Може да најмиме некој да го направи тоа за нас, а јас ќе

бидам надзор.

Конечно, доаѓаме до Запознавање. Што е тоа? Тоа е мој збор за

креирање семејна атмосфера на заемна соработка во вашата групација.

Може сите да седнеме на разговор, пијачки и оброк еднаш во тромесечје

Назад Дальше